2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗошто Tidal е совршен плен за Apple?

Зошто Tidal е совршен плен за Apple?

Apple-and-Tidal-740x431

Зошто раперот Џеј Зи ja купи музичката стриминг услуга „Tidal“ (и нејзината матична компанија Aspiro) за 56 милиони долари во март минатата година? Тоа се случи само три месеци пред на пазарот да се појави конкурентската „Apple Music“ – во момент во кој „Apple“ им се додворува на R & B и хип-хоп ѕвезди за склучување на ексклузивни партнерства со нив, пишува во својата анализа „Music Business Worldwide“.

Најпознатата од нив беше со Дрејк, за кого се тврди дека добил 19 милиони долари. Можеби само Џеј Зи гледа каде дува ветрот. Ако голема ѕвезда по голема ѕвезда започнат да ги прифаќаат ексклузивните понуди на „Apple“, тоа ќе биде од полза на едни акционери повеќе од другите, најмногу оние во „Apple“.

Исто како кај „Spotify“ и „YouTube“, може да се изгради огромен бизнис благодарение на изведувачите, без големи хонорари за креаторите. Можеби кога Џеј Зи и неговата сопруга Бијонсе направиле претходно претставување на „Tidal“ на кое се тврди дека за време на ручек двајцата го објасниле бизнис моделот на ѕвезди како Кание Вест и Ријана, работите станаа малку како „Brexit“.

„Компанијата „Apple“ ќе стане уште побогата од она што го правиме. Нека си ја вратиме контролата“, ова е повикот кој им е упатен. Така „Tidal“ започна по еден поинаков начин, со хаштагаот – #TIDALforALL („Tidal“ за сите).

Истовремено не знаеме ништо за финансиите на „Tidal“ под водство на Џеј Зи, но знаеме дека во 2014-та година, кога уште беше под крилото на „WiMP“, имаше генерирана нето загуба од 10 милиони долари. Дури и поддржана од длабоките џебови на Џеј Зи, солвентноста на „Tidal“ има рок на траење, кој истекува.

Трошоците се зголемија значително потоа, особено откако „Tidal“ вети да плаќа поголеми одбивања на изведувачите од „Spotify“. Затоа тој ќе мора да ја продаде компанијата во одреден момент, но познавајќи го Џеј Зи, можеме да кажеме дека цената нема да е воопшто мала. Токму цената најверојатно е причината „Samsung“ да се откаже од идејата за стекнување на „Tidal“ во првиот квартал од оваа година. Сега „Wall Street Journal“ тврди дека „Apple“ преговара со Џеј Зи за потенцијално купување на стриминг услугата.

Без разлика дали тоа ќе се случи или не, има еден куп причини зошто договорот би била корисен и за двете страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП