7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple сака да го купи Tidal?

Apple сака да го купи Tidal?

TIDAL X: Jay-Z B-sides in NYC

„Apple“ води прелиминарни преговори за купување на „Tidal“, стриминг услуга од која поголем дел припаѓа на раперот Џеј Зи, пишува Wall Street Journal, повикувајќи се на извори кои посакале анонимност.

Според изданието преговорите можат и да не доведат до договор. Претставниците на двете компании одбиваат да ги коментираат гласините.

Стекнувањето на помал конкурент би можело да му обезбеди на „Apple“ пристап до ексклузивни содржини за стриминг од познати изведувачи – од Бијонсе до Ријана. Освен тоа, може да помогне на „Apple Music“ да привлече повеќе корисници на својата услуга.

Претходно овој месец „Apple“ го обнови „Apple Music“, која ја пушти на пазарот пред една година. Сега целта и беше да се справи со проблемите кои доведоа до не многу топло прифаќање на стриминг услугата.

„Tidal“ се поврзува со „Apple“ уште претходно во оваа година, за да си го обезбеди правото да биде првата која ќе стримува најновиот албум на Кание Вест – „The Life of Pablo“.

Од своја страна „Tidal“ се бори со тешка година, откако Џеј-Зи ја купи нејзината матична компанија за 56 милиони долари во март 2015-та година. Во писмото испратено пред три месеци, предпримачот го обвини претходниот сопственик – норвешката компанија „Schibsted“, за тоа што е „надуен“ бројот на претплатници при трансакцијата.

Во март „Tidal“ објави дека има над 3 милиони претплатници кои плаќаат за неговите услуги. Тие се помалку од оние на „Apple“ (15 милиони) и оние на „Spotify“ (30 милиони).

„Tidal“ неколку пати го смени своето раководство по аквизицијата. Во март „Variety“ пишуваше дека така и не дошло до продажба на стриминг услугата на „Samsung Electronics“, за што се зборуваше во тоа време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП