1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPfizer инвестира 350 милиони долари во биотехнолошки центар во Кина

Pfizer инвестира 350 милиони долари во биотехнолошки центар во Кина

pfizer 356353

Фармацевтскиoт гигант „Pfizer“ ќе инвестира 350 милиони долари во изградба на биотехнолошки центар во Кина. Тоа е уште еден потег на фармацевтската компанија за наметнување на вториот најголем пазар за лекови во светот со цел обезбедување на побрзо одобрување на производи, коментира „Ројтерс“.

Се очекува објект во источниот регион Хангжу, кој е и првиот биотехнолошки центар на „Pfizer“ во Азија, да биде завршен до 2018-та година, вели компанијата во соопштението.

Големите глобални фармацевтски компании бараат нови начини да влезат во пазарот за здравствена заштита во Кина, кој според проценките на консултантската компанија „IMS Health“ ќе изнесува околу 185 милијарди долари до 2018-та година. Од инвестиции во кинески капацитети до превземања, лиценцни договори и заеднички компании , целта е да се бараат предности при трансакциите со локалните регулатори и влади.

Џон Јанг, претседател на групата на единицата за здравствена заштита, вели во изјавата дека објектот во Хангжу ќе „ја поддржи целта на Кина за зајакнување на комплексноста и вредноста на производствениот сектор до 2025-та година“.

„Pfizer“ исто така, рече дека ќе „работат тесно“ со локалните регулатори за да достават лекови на „пазарот што е можно побрзо“. Центарот ќе се занимава главно со биолошки лекови – создадени од живи микроорганизми, а не хемиски синтетизирани, и поевтини генерички верзии на биолошките.

Фармацевтските директори долго време се жалат од бавниот процес на нудење на лекови на пазарот во Кина, додека други се соочуваат со регулаторни пречки. „Pfizer“ во минатата година мораше да го затвори својот бизнис со вакцини во земјата, откако нејзината лиценца за една од нејзините најпродавани вакцини – „Prevenar“, не беше обновена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП