30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesco конечно забележа раст

Tesco конечно забележа раст

Britain Tesco Earns

Најголемиот британски трговец на мало, ланецот супермаркети „Tesco“, објави раст на продажбата во првиот квартал, заедно со веста за понатамошно намалување на бизнис мрежата.

„Tesco“ кој претходно овој месец соопшти дека излегува од Tурција и дека на меѓународно ниво ќе се фокусира на Централна Европа и југоисточна Азија, наведе дека сега се „ослободува“ и од британскиот ланец за кафе „Harris + Hoole“, кој ќе го препушти на компанијата „Caffe Nero“, пренесува агенцијата Франс прес.

Според соопштението на „Tesco“, продажбата на групацијата пораснала за 1,1 проценти во три месеци до крајот на мај, во споредба со првиот квартал од нејзината 2015/16 фискална година.

Генералниот директор на „Tesco“, Дејв Луис, оцени дека компанијата остварила раст на продажбата „во услови на истражување на пазарните предизвици со непрекината дефлација“.

Вкупното работење на „Tesco“ закрепна, со остварување на профит во деловната година до февруари 2016 година на крилата на силната продажба, откако нејзиниот огромен отпис на имот од турбуленциите на домашниот пазар предизвика рекордна загуба од 5,7 милијарди фунти во претхдната финансиска година.

Во последните неколку години, бизнисот на „Tesco“ сериозно го погоди зголемената конкуренција во Велика Британија, особно во облик на германските дисконтни ланци и супермаркети.

„Tesco“ исто така излезе и од бизнисот во Јужна Кореја и Соединетите Држави поради жестоката конкуренција во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП