3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBASF го купува специјалистот за лакови Chemetall за 3,2 милијарди долари

BASF го купува специјалистот за лакови Chemetall за 3,2 милијарди долари

basf_0_0_468X10000

Германскиот хемиски концерн „BASF“ го зајакнува бизнисот со лакови со милијардита трансакција. Концернтот со седиште во Лудвигсхафен ќе плати за „Chemetall“ од Франкфурт околу 3,2 милијарди долари (2,8 милијарди евра), објави „BASF“. За концернот ова е најголемото стекнување по шест години – тогаш тој плати 3,1 милијарди евра за производителот на специјални хемикалии „Cognis“.

Aкциите на „BASF“ едвај реагираа на трансакцијата, а цената им се намалуваат за 0,5%. За „BASF“ цената е прифатлива и се вклопува во бранот на консолидации во областа на хемиската индустрија. Падот на цената, сепак главно се должи на одливот на фјучерс-договори.

„Chemetall“, некогаш подружница на „Metallgesellschaft“, е од 2015-та година во сопственост на американскиот хемиски концерн „Albemarle“, кој со сумата од продажбата ќе успее да ги намали обврските. Новата придобивка на „BASF“ ќе произведува хемикалии кои ги штитат металите од рѓа и подготвуваат пред лакирање на автомобили или авиони.

„Chemetall“ има околу 2.500 вработени во светот и минатата година реализира приходи за 845 милиони долари (750 милиони евра). Оперативната добивка (Ebitda) без известување на еднократни ефекти изнесува 205 милиони долари.

Во единица за лакови „Coatings“, „BASF“ минатата година генерираше приходи за 3,2 милијарди евра.

„Од стратешка гледна точка „Chemetall“ се вклопува во бизнисот на „Coatings““, појаснува членот на Одборот на директори Вејн Смит. Со тоа „BASF“ ја проширува можноста за обработка на метални површини.

Групата од Лудвигсхафен се смета за многу претпазлива кога станува збор за превземања. Поради својата големина, сепак таа често се споменува како можен купувач на конкуренти од САД. Но во пролетта главниот извршен директор на „BASF“, Курт Бок се дистанцираше од можноста за мегасоединувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП