3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUber планира емисија на обврзници до 2 милијарди долари

Uber планира емисија на обврзници до 2 милијарди долари

taxiuber 335

Компанијата за патувања „Uber“ планира да привлече дополнително до 2 милијарди долари преку издавање и пласирање на обврзници.

Емисијата ќе се одржи следната недела, објави „Wall Street Journal“, цитиран од агенциите.

Консултанти за оваа операција ќе бидат американската банка „Morgan Stanley“ и британската „Barclays“.

Изданието потсетува на одлуката на јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија да инвестира 3,5 милијарди долари во „Uber“ и тоа ја објаснува планираната должничка емисија со стремежот на компанијата да натрупа обртен капитал потребен за динамичното проширување на нејзиното работење низ целиот свет.

Според проценката на Wall Street Journal, во случај на успех на компанијата ќе го доведе обемот на средствата собрани преку хартии од вредност, речиси до 15 милијарди долари.

На 5-ти јуни основачот и директор на компанијата Тревис Каланик соопшти на предавање во Москва дека не планира да пушти акции на берзата преку ИПО.

„Uber“ е основана во 2009-та година. Услугите на компанијата се достапни во повеќе од 400 градови во светот. Таа добива од возачите кои работат преку неа, провизија од 20 проценти од секој повик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП