2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајевтини разговори од сите земји кон сите броеви дома

Најевтини разговори од сите земји кон сите броеви дома

doma 33344

Во пресрет на летото и летните одмори Вип воведува нова промоција со која на своите корисници им овозможува најевтини разговори кон дома.

За уште поопуштено летување, сите корисници на Вип, за само 9,9 денари за минута  можат да се јават од странство кон сите мрежи во Македонија и да раскажат за своите летни доживувања.

Се што треба да направат корисниците е да го впишат *123* пред секој повик во следниот формат *123*389XХХХХХХХ# каде што ХХ е бројот кој сакаат да го повикаат. По ова корисниците добиваат повратна порака со текстот „Почитувани, повикот се воспоставува. Наскоро ќе бидете повикани за воспоставување на повикот. Вашиот Вип“. Корисниците добиваат повик и поврзување со саканиот број.

Понудата е автоматски достапна за сите постпејд и припејд корисници, без дополнителни трошоци за активација. Промотивната цена е валидна од 15.6.2016 г. до 30.9.2016, за повици со USSD код од оператори што ја овозможуваат таа услуга.

Листата на земји од кoja корисниците можат да се јават и да зборуваат најевтино од роаминг со цела Македонија е достапна на www.vip.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП