3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУбер воведе хеликоптерско такси во Сао Паоло

Убер воведе хеликоптерско такси во Сао Паоло

Uber-Helicopter-700x522

Американската транспортна компанија Убер, почна градски хеликоптерски превоз во Сао Паоло, најголемиот град во Бразил.

Директорот за комуникации на Убер во Бразил, во вторникoт рече дека почнале со едномесечен пробен период на службата Уберкоптер, која нуди превоз на патници меѓу аеродромот, хотелите и конференциските центри.

Фабио Саба вели дека хеликоптерите летаат од пет места и од четири хотели.

Саба рече и дека ова е единствен таков сервис на Убер во светот.

Убер, порано, превоз со хеликоптер нудеше за Канскиот фестивал, во Франција и за Фестивалот Санденс во Јута, САД.

Вели дека Уберкоптер е во партнерство со групата Ербас, и дека во Сао Паоло користи три хеликоптерски оператори.

Цената на возењето со хеликоптер е од 17 до 80 долари по човек.

Сао Паоло, град со повеќе од 11 милиони жители, е најголем не само во Бразил, туку и во цела Латинска Америка и на јужната земјина хемисфера. Тој е финансиски центар, со најголем бруто-домашен приход јужно од екваторот, познат по непредвидливото време, големата флота хеликоптери и по жестокиот сообраќаен метеж.

„Убер технолоџис инк“ е американска мултинационална компанија со онлајн транспортна мрежа, која развива, изнесува на пазар и управува со апликацијата за мобилни телефони Убер.

Таа апликација им овозможува на корисниците со паметни телефони да пратат барање за превоз кој се пренесува на возачите на Убер кои користат сопствени возила.

Услугата е достапна во 449 градови во 66 земји во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП