4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEricsson планира големи отпуштања

Ericsson планира големи отпуштања

A general view of an office of Swedish telecom giant Ericsson is seen in Lund

Шведскиот производител на мобилна телекомуникациска опрема „Ericsson“ планира да скрати илјадници работни места во текот на ова лето. Компанијата размислува и дополнителни намалувања на трошоците како резултат на забавувањето на пазарите, соопштува „Ројтерс“.

Откако тримесечниот профит и продажба на компанијата не успеаја да одговорат на очекувањата, „Ericsson“ ќе направи и дополнителни отпуштања.

Според шведските медиуми, компанијата планира да се раздели со меѓу 3.000 и 4.000 вработени во текот на летото, а уште многу други ќе треба да ја напуштат подоцна во годината.

Шведскиот гигант одбива да ги коментира информациите, но потврдува дека е на пат да ги постигне објавените годишни заштеди во износ од 9 милијарди круни до 2017-та година.

Од компанијата за безжична опрема беше објавено дека паралелно ќе важат и структурните промени.

Со изградба на мрежи од новата генерација, особено на развиените пазари, водечкиот играч во мобилната инфраструктура, „Ericsson“ се бори да го најде патот на растот за овој дел од својот бизнис.

Од почетокот на годината акциите на компанијата поевтинуваат за 26%, поради што се рангираат меѓу најлошо претставуваните во „Stoxx Europe 600 Index Technology“. Тоа ги натера инвеститорите да размислат за способноста на нејзиното раководството да генерира профит.

Кон крајот на првиот квартал вработените во „Ericsson“ се 115.300 лица во споредба со околу 116.300 лица на крајот на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП