4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОткажани нови 230 летови на SAS

Откажани нови 230 летови на SAS

sas letovi 33

Скандинавската воздухопловна компанија SAS соопшти дека 230 летови се откажани во понеделникот, со што се погодени 27.000 патници, по неуспехот на новите преговори за запирање на штрајкот на шведските пилоти во врска со платите.

Нарушувањата на летовите имаше на внатрешните линии во Шведска, како и на некои европски линии, како на пример за Франкфурт, Париз и Лондон.

Во текот на викендот околу 50.000 патници, вклучително и неколку илјади кои требаше да патуваат со чартер летови, веќе беа погодени со откажувањето на 380 летови.

Преговорите кои започнаа во неделата завршија ноќта кон понеделникот без договор. Засега не е познато кога редот на летањето ќе биде вратен во нормала.

„Сторивме сé што е во нашата моќ да го избегнеме продолжувањето на штрајкот, но, за жал, сé уште не успеавме да постигнеме договор“, изјави во писмена изјава за новинарите портпаролката на SAS, Карин Ниман.

Синдикатот на пилотите вели дека бара зголемување на платите за 3,5 отсто и ревизија на колективниот договор, како и компензација за намалувањето на платите и другите отстапки на кои се согласија во 2012 година, кога компанијата беше во криза.

Данските и норвешките пилоти летаат според вообичаениот распоред, соопшти компанијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП