18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛари Пејџ досега има вложено над 100 милиони долари во летечки автомобили

Лари Пејџ досега има вложено над 100 милиони долари во летечки автомобили

leta avto00

Коосновачот на американскиот концерн „Google“, Лари Пејџ започнал развој на летечки автомобили. Економското списание „BusinessWeek“ известува дека за таа цел претприемачот уште пред шест години ја создал компанијата „Zee.Aero“.

По барање на Пејџ проектот бил чуван во тајност, а досега во него се инвестирани над 100 милиони долари. Минатата година Американецот почнал да финансира уште една фирма која работи во истиот правец. Таа се нарекува „Kitty Hawk“, а е именувана по градот во кој браќата Рајт го извршиле првиот лет со авион.

Компаниите „Zee. Aero“ и „Kitty Hawk“ развиваат летечки автомобили независно една од друга. За фирмите во моментов работат повеќе од 150 лица, а меѓу нив има поранешни вработени на „Boeing“, „NASA“ и „SpaceX“. Вработени се дизајнери, компјутерски специјалисти, експерти за електрични системи.

Претседател на „Kitty Hawk“ е еден од основачите на програмата за автомобили на „Google“ – Себастијан Трун. Според неофицијални извори оваа компанија развива летало кое потсетува на џиновска верзија на дрон со 4 пропелери.

Другата фирма – „Zee. Aero“ има направено два прототипи кои веќе се тестираат. Едниот личи на мал авион, додека другиот е со поголеми димензии, а има неколку пропелера од секоја страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП