26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрофеј на Пеле продаден за 570.000 долари

Трофеј на Пеле продаден за 570.000 долари

пеле-целе

Реплика на трофејот на Светскиот куп, која ја добил легендарниот Бразилец Пеле, на аукција во Лондон е продадена за 394.000 фунти (570.000 долари). Реплика од трофејот Жил Риме, Пеле добил откако станал единствениот фудбалер со освоени три светски првенства.

На аукцијата во Лондон биле понудени преку 2.000 трофеи, медали, спортска опрема и сувенири кои ја обележале кариерата на Пеле.

Дел од парите кои се собрани на аукцијата славниот фудбалер ќе ги донира на една детска болница во Бразил.

Пеле (75), се смета за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Со Бразил победил на три светски првенства, а во текот на 20-годишната кариера постигнал 1.281 гол на 1.363 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП