17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIKEA очекува 8-10% раст на годишната продажба

IKEA очекува 8-10% раст на годишната продажба

IKEA Group CEO Agnefjall speaks during a presentation on design to media in Almhult

Компанијата за продажба на мебел „IKEA Group“ очекува во оваа фискална година да ја зголеми продажбата со 8% до 10%. Групата најверојатно ќе ја постигне својата цел за продажба во износ од 50 милијарди евра (56,9 милијарди долари) во 2020-та година, објави извршниот директор Петер Агнефјал, цириран од „Ројтерс“.

Според него, компанијата се движи добро во исполнувањето на плановите.

Тој додава дека трендовите во побарувачката остануваат слични на минатогодишните, но и дека продолжува обновата на најголемиот пазар на компанијата – Европа.

Во Кина, клучниот пазар на „IKEA“ во однос на нејзиниот раст, не влијае забавувањето на економскиот раст, коментира уште Агнефјал.

„Веќе три години се зборува за тоа дека Кина се забавува. Не гледаме такви знаци“, објасни тој.

Синџирот забележа 11,5% раст на продажбата за минатата фискална година до 32,7 милијарди евра.

Онлајн продажбата на „IKEA“, која за минатата фискална година, завршила во август, достигнаа 1 милијарда евра, се очекува да се зголеми за околу 40% во текот на оваа година, приближно колку што беше годишниот раст во претходните три години, објасни Агнефјал.

Во моментов компанијата ги има запрено инвестициите во Русија, каде што некогаш се радуваше на голем раст. Истовремено синџирот планира да ја отвори својата прва продавница во Индија повеќе од една година – во Хаидарабад. Во моментов се завршуваат трансакциите и за купување на земјиште во Њу Делхи, Бангалор и Мумбаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП