Водата со вкус и ветувачки состојки која за задача има да го одржи фит изгледот на телото всушност е преполна со вештачки засладувачи кои на организамот му прават повеќе штета отколку корист.
Доколку сте еден од оние кои вкусот на обична вода не им е убав, а сакате да уживате во витамински освежувачки напитоци ви преставуваме рецепт за домашна вода на која особено ќе и бидат благодарни дигестивните органи.
Состојки:
– 2 литри вода
– 1 чајна лажица свеж изрендан ѓумбир
– 1 краставица со средна големина
– 1 лимон
– 12 листови нане
Подготовка:
Краставицата и лимонот исецкајте ги на кришки, доколу имате домашни плодови пожелно е да ги користите со кората. Ставете ги во стаклен бокал и додадете ги и останатите состојки и прелијте ги со водата.
Мешавината оставете ја во фрижидер и оставете ја да отстои 8 часа и повремено лесно мешајте.
Состојките во домашната витаминска вода имаат особено погодно делување на стомакот, бидејќи го смируваат варењето, а освен тоа и го ослободуваат телото од наталожените токсини.
Лимонот со познатото изобилство од витамин Ц, ја поттикнува работата на црниот дроб кој е одговорен за прочистување на организмот.
Краставицата содржи 90 проценти вода од која се ослободуваат состојките заслужни за детоксикација на телото.
Ѓумбирот помага во одржувањето на гликемискиот индекс под контрола, а воедно ги олеснува и грчевите и помага против мачнина.
Нането го стимулира согорувањето на масните наслаги, помага во елиминацијата на токсини од телото, а исто така ги ублажува и болките во стомакот.