18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon започна co снабдување на храна во Лондон

Amazon започна co снабдување на храна во Лондон

dostava amazon333

„Amazon“ пушти британска верзија на својата услуга за испорака на храна „AmazonFresh“. Тоа е долго планиран потег од онлајн трговецот на мало, кој има за цел да влезе на британскиот пазар на прехранбени производи, пренесува „Ројтерс“.

Велика Британија располага со еден од најразвиените онлајн пазари, така што четирите големи супермаркети „Tesco“, „Sainsbury’s“, „Asda“ на „Wal-Mart“ и „Morrisons“ се натпреваруваат со специјализираната компанија во снабдувањето – „Ocado“.

Се очекува пазарот да се зголеми речиси двојно до 17,2 милијарди фунти (25 милијарди долари) до 2020-та година, покажува прогнозата на „IGD“.

Според зборовите на потпретседателот на „AmazonFresh“, Енџеј Кавала компанијата лансира услугата во ограничен простор и планира да ја подобрува со текот на времето.

„AmazonFresh“ првично ќе стартува со целосна услуга на конкурентни цени само во некои делови на Централен и Источен Лондон. Компанијата најави дека ќе користи мали и средни по големина надворешни добавувачи.

Во последните години британскиот пазар на намирници беше потресен од промена во навиките за шопинг, подемот на германските маркети како „Aldi“ и „Lidl“, како и од ценовната војна. Дел од аналитичарите го гледаат „AmazonFresh“, како потенцијален предизвик за целата индустрија, од сега па натаму.

„Amazon“ започна испораката на свежа храна во Сиетл уште во 2007-ма година и оттогаш се насочи кон неколку други места во САД. Сепак компанијата се уште не успева да ги најде најдобрите цени за моделот на услугата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП