26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеброн и Ирвинг го декласираа ГС (видео)

Леброн и Ирвинг го декласираа ГС (видео)

клик

Кошаркарите на Кливленд ја забележаа првата победа во НБА финалето и го намалија водството на Голден Стејт во серијата на 1-2. Во ноќта помеѓу средата и четвртокот, Кливленд ги декласира актуелните шампиони со 120-90.

Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг го предводеа Кливленд до победата кој Кавалирс ја обезбедија со брилијантна игра во првата и третата четвртина. Кавалирс во третиот период постигнаа 38 поени.

Џејмс забележа 32 поени, 11 скокови и шест асистенции, Ирвинг, кој пофрли на првите две средби, имаше учинок од 30 поени и осум асистенции. На овое двајца им се придружија Џеј Ар Смит со 20 поени (пет тројки) и Тристан Томпсон со 14 поени и 13 скокови.

Во редовите на Голден Стејт ниту еден играч не постигна повеќе од 20 поени, најефикасен беше Стеф Кари со 19 поени, но МВП-то на сезоната погоди само шест од 13 обиди, а во првото полувреме постигна само два поени. Потфрли и Клеј Томпсон кој постигна 10 поени (4/13, тројки 1/7).

Кливленд со овој триумф ја прекина низата на Голден Стејт од седум победи во низа, во меѓусебните дуели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП