29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRio Tinto откупува назад обврзници во вредност од скоро 3 милијарди долари

Rio Tinto откупува назад обврзници во вредност од скоро 3 милијарди долари

rio tino

Британско-австралиската компанија во секторот на ресурсите „Rio Tinto“ најави дека ќе откупи назад свои обврзници во вредност од 3 милијарди долари, соопшти „Bloomberg“.

Приоритет на „Rio Tinto“ e откуп на обврзници со рок на достасување 2018-та година во вредност од 2,9 милијарди долари, пишува во соопштението на сајтот на компанијата. Потоа раководството ќе ги разгледа понудите од страна на обврзниците за откуп на обврзници во вредност од 5,2 милијарди долари, чии рок на доспевање се во 2020-та година и 2022-ра година.

Во април „Rio Tinto“ откупи свои обврзници во вредност од 1,5 милијарди долари во обид да ја намали задолженоста и трошоците за финансирање на кредитите по колапсот на пазарот на суровини во минатата година. Финансиските тешкотии во примарната индустрија беа олеснети во оваа година поради зголемувањето на цените и поради задоцнетите инвестиции во нови проекти, посочува „Bloomberg“.

Претходно оваа година „Anglo American“ издвои 1,7 милијарди долари за откуп на акции во евра, долари и фунти. Производителот на челик „ArcelorMittal“ исто откупи назад обврзници во изминатите месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП