5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата Pepsi со нови маркетинг трикови

Компанијата Pepsi со нови маркетинг трикови

pepsi3

Се чини дека компанијата „Pepsi Co.“ сака да ги издвои своите брендови според половите: обичното „Pepsi“ за мажи , а „Diet Pepsi“ за жени, а во согласност со ова беа и рекламите наменети за овие пијалоци.

Оваа недела, „Diet pepsi“ го потврди она во што корисниците се сомневаа некое време – тој бренд цели кон половината oд човечката популација – жените, „Целиме кон женските лица кои го сакаат уредувањето на домови“, вели Ејми Спиридакис, маркетинг директорот за „Diet Pepsi“.

pepsi2

Општо, голем број на безалкохолни пијалоци целат кон широкиот круг на потрошувачи. Фактот дека некоја компанија својот производ го пласира само кон една група од општеството е пат коj води надоле, пишува Бизнис Инсајдер. Компанијата „Pepsi Co.“ сепак, бележи пад на продажбата од 2000 година и сега се наоѓа на седмото место од листата на најпопуларните безалкохолни пијалоци.

Меѓутоа, дали новата кампања на „Love Every Sip“ која цели кон женската популација ќе го оживее брендот? Бизнис Инсајдер смета дека таквиот пристап на пазарот може да ги влоши шансите на „Pepsi Co.“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП