17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVerizon нуди 3 милијарди долари за Yahoo

Verizon нуди 3 милијарди долари за Yahoo

big-verizon-yahoo-784154

„Verizon Communications“ планира да упати понуда од 3 милијарди долари за основниот бизнис на „Yahoo“ во рамките на вториот круг за предлози кон компанијата, пишува „Wall Street Journal“, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.

Компанијата за приватно инвестирање „TPG“ исто така се очекува да упати секундарна понуда пред истекот на крајниот рок во понеделникот, додава весникот.

Во минатиот месец „Ројтерс“ пишуваше дека „Verizon“ работи заедно со инвестициска банка за понуда на главните активи на „Yahoo“.

Се очекува „Yahoo“ да одржи барем уште еден круг за наддавање, а понудите може да се променат до крајот.

„Yahoo“, „Verizon“ и „TPG“ не се достапни веднаш за коментар надвор од вообичаеното работно време во САД.

Меѓу останатите сериозни кандидати се сметаат специјалистот за онлајн рекламирање „YP Holdings“, порано позната како база на податоци „Yellowpages.com“, како и конзорциум, во кој влегуваат претседателот на Бордот на директори на „Berkshire Hathaway Inc.“, Ворен Бафет и основачот на „Quicken Loans“, Дан Гилберт.

Според различни медиумски информации, поднесени се понуди во вредност помеѓу 4 и 8 милијарди долари.

Од почетокот на годината „Yahoo“ бара купувач за својот главен бизнис – пребарувачот, „e-mail“, сајтови за спортски и вести. Целта е компанијата да се ослободи од сите активности, освен на инвестициите во кинескиот онлајн гигант „Alibaba“. Потоа „Yahoo“ ќе биде само една чисто финансиска инвестициска компанија, а акционерите ќе можат да ги продадат своите акции во „Yahoo“ (т.е. всушност дел во „Alibaba“), без да плаќаат даноци, што би било потребно при директна продажба на „Alibaba“ и враќање на добивката во Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП