6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat Chrysler повлекува над 13 илјади возила од Кина

Fiat Chrysler повлекува над 13 илјади возила од Кина

фиат-крајслер

Автомобилскиот концерн „Fiat Chrysler Automobiles“ (FCA) ќе повлече 13.670 автомобили од Кина поради дефект на бришачите на шофершајбната , изјави во вторникот шефот на кинеската Главна државна управа за контрола на квалитетот, инспекција и карантин (AQSIQ).

Од кинескиот пазар ќе бидат повлечени веќе увезените автомобили од моделот „Jeep Cherokee“ произведени во периодот меѓу 4-ти јануари 2013 година и 11-ти јули 2014 година. Според соопштението на AQSIQ, кај нив е откриен дефект на бришачите на шофершајбната, кој може да предизвика за неправилно функционирање со што може да се загрози безбедноста во сообраќајот.

Сопствениците на овие автомобили, исто така, може да го отстранат бесплатно дефектот ја продавачите. Кампањата за повлекување на возилата ќе започне на 10-ти јуни.

Точно пред една седмица цената на акциите на еден од гигантите во автомобилската индустрија FCA остро паднаа во понеделникот на берзата во Милано, по медиумските написи дека би можело да биде забранета продажбата на возилата на оваа италијанска компанија во Германија, поради сомневањата дека мамела на тестовите за емисија на штетните гасови.

Компанијата „Fiat“, основана 1899 година, го произведува автомобилите од брендовите Fiat, Lancia, Alfa Romeo, Abarth и Maserati. Во јануари 2014 година концернот објави дека ја откупил последната транша од акциите од американскиот автомобилски гигант „Chrysle“, а конечното спојување на компаниите се очекува во 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП