20 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕФранцуските научници развиле молекул што ги напаѓа клетките на меланомот

Француските научници развиле молекул што ги напаѓа клетките на меланомот

molekul

Француските научници успеале да развијат молекула што е во состојба да ја намали способноста на преживување на клетките на меланомот, а при тоа да не им наштети на здравите клетки, што им раѓа надеж на заболените од овој вид на многу агресивен рак на кожата.

Молекулата наречена HA15 ја разви група научници од францускиот Институт за здравје и медицински истражувања(Инсерм) во Ница, под водство на Стефан Рочи.

„Станува збор за малиген тумор на клетките на кожата со потекло од меланоцитот, клетки кои нормално се наоѓаат во нашата кожа и се одговорни за синтезата на меланинот, пигментот што и дава на кожата потемна боја“, се потсетува во соопштението на Инсерм и се додава дека постојат три клинички стадиуми на малигниот меланом: локализиран меланом само на подрачјето на кожата без клинички видливи регионални метастази, потоа клинички видливи метастази во лимфните јазли и трет степен кога зборуваме за метастазите.

„Идентификацијата на новите молекули е неодминлив елемент во примената на ефикасната биотерапија кај овој вид на рак, чија раширеност во последните десет години се удвои“, се вели во соопштението на Инсерм. Во тој контекст, француските научници откриле нова група молекули – tiazol benzensulfonamide(TZB) кои имаат антиканцерогени својства, кои се оценети како ‘интересни’.

„најпрво оваа група молекули беше откриена кај дијабетесот од типот 2. Имено, ја зголемувала чувствителноста на клетките на инсулинот. Но, доколку сакаме да ја употребиме во борбата против ракот, ќе мора да ја елиминираме таа проинсулинска активност“, објасни Рочи.

По повеќе обиди научниците успеале да ја изменат основната структура на TZB и да создадат формула чија ‘главна состојка’ е наречена HA15 , важна бидејќи благодарејќи на процесот апоптоза(програмирана смрт на клетката) и аутофаготицоза(механизам на разградување на внатрешните најчесто непотребни или дисфункционални клеточни делови за да се осигура преживување на клетката во целост), доведува до смрт на клетките на меланомот.

Во експериментите спроведени врз лабораториски глувци оваа група молекули била многу ефикасна во намалувањето на големината на туморот, а при тоа не му штетела на околното ткиво, ниту, пак, влијаела врз здравствената состојба на глодарот.

„Во истражувањето спроведено на ткивото на пациенти заболени од меланом се покажало дека молекулите биле многу активни во уништувањето на станиците на меланомот, посебно на оние што биле чувствителни или не реагирале на терапијата“, велат француските научници.

Се чини дека HA15 е ефикасен и кога станува збор за други тумори, како ракот на дојката, дебелото црево, простата, панкреасот и хроничната леукемија.

„Целта на овој проект и нашата студија е да се употребат новите молекули во лекувањето на меланомот, како и на другите видови карцином“, порача Рочи.

Резултатите од истражувањето беа објавени во четврток во стручниот американски магазин Cancer Cell.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП