26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС го преживеа петтиот меч

ГС го преживеа петтиот меч

гс-гол

Голден Стејт ја намали предноста на Оклахома на 2-3, во конференциското финале во НБА лигата. Актуелните шампиони, во петтиот меч, од серијата ја совладаа Оклахома 120-111.

Голден Стејт избегна елиминација во петтиот меч од финалната серија, но доколку сака да остане во игра за пласман во големото финале, неговите кошаркари ќе мора да победат и во шестиот натпревар кој за два дена ќе се одигра во Оклахома.

Стеф Кари и Клеј Томпсон заедно постигнаа 58 поени, а поддршка добија од високите играчи: Еднрју Богут (15 поени, 14 скокови), Марис Спиз (14 поени) и Дрејмонд Грин (11 поени, 13 скокови).

Кари мечот го заврши со 31 поен, седум скокови и шест асистенции, додека Томпсон постигна 27 поен.

Оклахома ја предводеше Кевин Дурент со 41 поен и седум скокови, а Расел Вестбрук имаше учинок од 31 поен, седум скокови и осум асистенции.

Шестиот меч од финалната серија на Западот ќе се одигра ноќта помеѓу сабота и недела во Оклахома, а евентуалниот седми натпревар е два дена подоцна во Оукленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП