11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа Monsanto му се малку 62 млрд долари од Bayer

На Monsanto му се малку 62 млрд долари од Bayer

monsanto

Американската агробизнис компанија „Monsanto“ ја одби понудата од германскиот фармацевтски гигант „Bayer“ за преземање, вредна 62 милијарди долари.

„Monsanto“ ја оцени оваа понуда за „финансиски несоодветна“.

„Monsanto“ сепак, порача дека е подготвен да учестува во понатамошните преговори за спојување на двете компании, пренесува АФП.

Одборот на „Monsanto“, како што тврди таа компанија, „едногласно гледа на предлогот од „Bayer“ како на нецелосен и финансиски несоодветен“.

Одборот сепак, е „отворен за продолжување на конструктивните разговори со цел да се процени дали таа трансакција, која е во најдобар интерес за акционерите на „Monsanto“, може да биде постигната, наведе компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП