19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради недостиг од шеќер запрено производството на кока-кола во Венецуела

Поради недостиг од шеќер запрено производството на кока-кола во Венецуела

coca cola 3003

Венецуелската филијала на американска „Coca-Colа“ го запре производството на овој засладен пијалак поради недостигот од шеќер, соопшти портпаролката на компанијата.

Венецуела се наоѓа во период на длабока рецесија во која недостигот од храна и предмети за широка лична потрошувачка, честите повеќечасовни рестрикции на електричната енергија поради сушата и најголемата инфлација моментално во светот, предизвикуваат чести спонтани демонстрации и грабежи.

Производството на засладените пијалаци е запрено, но продолжува дистрибуцијата на диететските напивки, како „кока-кола лајт“ и другите незасладени пијалаци, напишала во електронската порака за Reuters, Кери Треслер, портпаролката на компанијата „Coca-Cola“.

„Снабдувачите со шеќер во Венецуела нé известија дека привремено го запираат производството поради недостиг на природни сировини“, додала Треслер.

Со контролите на цените, растот на трошоците за производство, недостигот на странска размена, рестриктивниот закон за труд и поради недостигот од основни сировини, како што се земјоделските ѓубрива, изминатите години дојде до пад во производството на шеќерната трска поради помалку засадените хектари и послабите приноси.

Многу венецуелски фармери се свртија кон одгледувањето други земјоделски култури, чиишто цени не се контролирани и поради тоа носат поголеми заработки.

Се очекува дека Венецуела во сезоната 2016/2017 година ќе произведе 430.00о тони шеќер, како и дека ќе увезе 850.000 тони сиров или рафиниран шеќер, проценува агенцијата USDA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП