19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia може глобално да укине 10 до 15.000 работни места

Nokia може глобално да укине 10 до 15.000 работни места

nokia3

Финската компанија „Nokia“ веројатно ќе укине 10 до 15 илјади работни места на глобално ниво, во рамките на програмата за намалување на трошоците по аквизицијата на француско-американскиот ривал „Alcatel-Lucent“, предупреди во вторникот претставник на финскиот синдикат.

Во април годинава „Nokia“ ја започна програмата за намалување на трошоците за 900 милиони евра до 2018 година, но допрва треба да објави колку точно работни места треба да бидат укинати, потсетува Reuters.

„Не слушнавме официјални податоци, но засновано на она што го слушаме при нашите синдикални контакти, проценувам дека актуелниот циклус би можел да погоди 10 до 15 илјади работни места на глобално ниво“, изјавил Ристо Лехтилахти, претставник на синдикалното биро во погонот на „Nokia“ во финскиот град Оулу.

Портпаролката на компанијата одбила да ги коментира овие бројки.

На глобално ниво „Nokia“ вработува околу 104 илјади работници. Минатата седмица објавија поединости за матичната земја Финска каде што планираат да укинат околу илјада работни места, околу 300 помалку отколку што првично планирале.

Од претходно беше најавено дека во Германија се планира укинување на 1.400 работни места, а во Франција 400, но истовремено ќе бидат отворени и 500 места во сегментот истражување и развој, во согласност со ветувањата дадени на француската влада во текот на преговорите за преземањето на „Aclatel“.

Портпаролката, којашто Reuters не ја именува, рекла дека компанијата нема понови податоци во врска со Германија и Франција, а одбила и да изнесе подетални информации за другите земји. „Nokia“ преговара со претставниците на синдикатите во приближно 30 држави.

Планот за штедење е усвоен, меѓу другото, и за да се амортизираат последиците поради слабата мрежна опрема. „Nokia“ неодамна објави дека во оваа година очекува пад на продажбата во овој сегмент.

„Некои работни места ќе бидат целосно згаснати, некои кастрења произлегуваат од преклопувањата со Alcatel, а некои дејности ќе бидат префрлени во земји со пониски трошоци3, толкува синдикалниот претставник Туула Аалтола.

Во изминатите десет години во Финска „Nokia“ укина илјадници работни места, откако нејзиниот порано доминантен бизнис со мобилните телефони беше нарушен со подемот на конкурентите во сегментот на паметните телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП