17 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗВо моментов ова е најдобриот спортски кабриолет на пазарот

Во моментов ова е најдобриот спортски кабриолет на пазарот

najkabrio 9o

Летото наближува и автомобилите со отворен покрив ќе стануваат се почеста глетка. Доколку го сакате најдобариот спортски автомобил без покрив на пазарот, сепак ќе треба да подготвите над 260.000 долари.

Експертите го дефинираат моделот „Lamborghini Huracán LP 610-4 Spyder“ како најдобар кабриолет, кој може да се купи во моментов. Тоа практично е верзијата без покрив на најдобриот спортски автомобил на минатата година.

Кабриото се одликува со 5.2-литарски „V-10“ мотор со моќност од 610 коњски сили. Трансмисијата му е седемстепена, а од нула до сто километри на час ќе може да дојде за само 3.4 секунди.

Во предвид на фактот дека е кабриолет, моделот е малку потежок од овој со тврд покрив.

Хидрауличниот покрив се собира за 17 секунди, а тоа може да се случува, додека суперавтомобилот се движи со брзина во рамките на 50 км/ч. Додека покривот се собира, позади се појавуваат два спојлери, за подобра аеродинамичност. Максималната брзина е 320 км/ч.

Стартната цена на моделот е 267.545 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП