19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair оствари рекордна добивка

Ryanair оствари рекордна добивка

ryanair-avion-l

Попрофитабилниот керозин му гарантираше на ирскиот нискобуџетен превозник „Ryanair“ рекордна добивка за штотуку изминатата фискална година.

Дури и без продажбата на својот удел во „Aer Lingus“, профитот на конкурентот на „Easyjet“ за 12-те месеци до крајот на март изнесува 1,24 милијарди евра или со околу 43 отсто над профитот од пред една година.

Во оваа година сепак не се очекува толку голем раст, појасни „Ryanair“. Падот на цените на билетите ќе го ограничи зголемувањето на профитот до околу 13 проценти.

Ако се земе предвид продажбата на делот од „Aer Lingus“ на компанијата „мајка“ на „British Airways IAG“, тогаш добивката би изнесувала 1,56 милијарди евра.

Приходите се зголемија за 16 отсто или до 6,5 милијарди евра.

Во четвртото фискално тримесечје цените на билетите сепак се паднати во просек за 7 отсто, а тоа е посилно од очекувањата. За остатокот од годината главниот извршен директор на „Ryanair“, Мајкл О’Лири очекува уште почувствителен пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП