18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСоздадена е најголемата групација од нискобуџетни авиокомпании во светот

Создадена е најголемата групација од нискобуџетни авиокомпании во светот

niski 333

Наскоро патниците ќе можат да погледнат и резервираат летови од осум нискобуџетни авиокомпании, без да отвараат повеќе прозорци за ги споредат цените и распоредите.

Најголемата групација нискобуџетни авио превозници во светот веќе ги вклучува сингапурските „Scoot“ и „Tigerair“, „Tigerair Australia“, „Cebu Pacific“ од Филипини, тајландските „Nok Air“ и „NokScoot“, „Jeju Air“ од Јужна Кореја и јапонската „Vanilla Air“. Новата група од осум превозници се нарекува „Value Alliance“ и ќе покрива 160 дестинации во југоисточна Азија, Северна Азија и Австралија – или една третина од светот.

niski 334

Патниците ќе можат да си резервираат летови во унифицирана платформа. Зад системот стои нова британска компанија по името „Air Black Box“ во која „NokScoot“ има инвестирано 1 милион долари. Платформата ќе овозможува посериозни опции при резервации, како одбележување на места и купување на храна за време на летовите.

„Scoot“, „Nok Air“ и нивната клубска „NokScoot“ веќе се поврзани со системот на „Air Black Boxsystem“, а останатите ќе се приклучат неа во следните месеци.

niski 335

„„ValueAlliance“ има 176 авиони со кои се покриваат над 160 дестинации од 17 центари и ќе опслужува 47 милиони патници годишно“, според Кембел Вилсон, извршен директор на „Scoot“.

Новата групација се надева да се натпреварува со поголеми нискобуџетни компании како „AirAsia“ и „Jetstar“ кои летаат до подалечни дестинации и имаат повеќе авиони. „AirAsia“ има 15% удел на пазарот на нискотарифните компании, додека уделот на „Jetstar“ е 9%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП