Акциите на „Lenovo“ се распродаваат, но инвеститорите ризикуваат од „попарување“, доколку купат од нив.
Причината за ова е дека цената на акцијата на производителот на персонални компјутери повторно оди надолу, што доведе до пад на нивната вредност со повеќе од една третина за оваа година. Акциите на „Lenovo“ се тргуваат 7,8 пати над прогнозираната добивка според „S & P Global Market Intelligence“, во близина на нивното најниско ниво откако компанијата стана јавна во 1999-та година.
Постои можност сепак консензус предвидувањата за профит да се намалат. Некои аналитичари ги намалија своите предвидувања во оваа недела поради податоците за послабата од очекуваната продажба од трети страни. Прогнозата на „Morgan Stanley“ за профитот за оваа фискална година е за речиси 30% под консензусот. Други аналитичари најверојатно ќе ги следат овие чекори, откако „Lenovo“ ги објави резултатите подоцна во овој месец.
Продажбата на персонални компјутери на „Lenovo“ се намали за 8,5% во однос на една година претходно во првиот квартал. Ова е четвртиот последователен квартал во кој тие се намалуваат според „International Data Corp.“. Досега „Lenovo“ успеа да го задржи профитот благодарение на својот талент агресивно ги намалува трошоците. Но, доколку продажбата продолжи да паѓа, фиксните трошоци е можно да започнат да се одземат од маргината.
Уште полошо е што најслабо се претставува и бизнисот на „Lenovo“ со смартфони, со кој компанијата се надеваше да ја замени сатурацијата на бизнисот со персонални компјутери, претворајќи се во новиот нејзин извор на раст. Продажбата на смартфони на „Lenovo“ се намали за 42% во однос на една година претходно во првото фискално тромесечје, покажуваат податоците на „IDC“, цитирани од „Morgan Stanley“.
Заедно со брендот „Motorola“ кој „Lenovo“ го купи од „Google“ во 2014-та година, „Lenovo“ се насочува кон пазарот со средна и ниска класа на уреди, каде се соочува со жестока конкуренција.
Намалувањето на тимовите за истражување и развој, исто така, го направи потешко движењето на компанијата нагоре по синџирот на вредност. Купувачите знаат добро, дека ниската цена не мора да значи добра зделка.