27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерстапен за историја, најмлaд победник во историјата на Ф1

Ферстапен за историја, најмлaд победник во историјата на Ф1

ferstapehn

Холанѓанецот Макс Ферстапен направи вистинска сензација во првенството на Формула 1, откако победи на трката за Големата награда на Шпанија. Покрај Ферстапен трката на патеката Каталуња ја обележа дебаклот на Мерцедес. Возачите на германскиот тим Хамилтон и Розберг се судрија во првиот круг кога и ја завршија трката.

Покрај Ферстапен, трката на патеката Каталуња ја одбележа дебаклот на Мерцедес. Возачите на германскиот тим Хамилтон и Розберг се судрија во првиот круг кога и ја завршија трката.

Ферстапен, кој минатата недела доби шанса да вози за Ред Бул, поради казната која тимот му ја изрече на Данил Квјат, го искористи хаотичниот старт на трката и со сигурно возење стигна до првата победа во кариерата.

Хамилтон трката ја започна од првата позиција, меѓутоа Британецот лошо стартуваше, Розберг излезе пред него, а тој во обид да ја врати првата позиција го нападна тимскиот колега, излезе од патеката, загуби контрола врз болидот и удри во Розберг, поради што двајцата ја завршија трката.

Откако Мерцедес ја заврши трката лидерските позиции ги презедоа пилотите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Ферстапен. Тактички Ред Бул имаше одлична трка, иако Фетел се обидуваше и вршеше притисок.

Ферстапен мајсторски го искористи влегувањето во пит стопот на колегите, на 20 круга до крајот ја презеде првата позиција и која не ја испушти до крајот на трката.

Ферстапен стана најмладиот победник во историјата на Ф1 и прв Холанѓанец кој победил на една трка во Ф1 шампионатот.

Ферстапен победи пред Раиконен, Фетел, Рикардо, Борас, Саинц, Перез, Маса, Батон и Квјат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП