29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСметководствениот скандал продолжува да и тежи на Toshiba

Сметководствениот скандал продолжува да и тежи на Toshiba

toshiba 3553

„Toshiba“ забележа нето загуба за неодамна завршената фискална година во износ од 483,2 милијарди јени (4,4 милијарди долари). Сумата е 10 пати поголема од минатогодишната загуба и се должи на големото реструктуирање по скандалот во кој стана јасно дека компанијата го прикривала профит во текот на неколку години.

Загубата одговори на ревидираната прогноза која „Toshiba“ ја направи минатиот месец. За 12-те месеци, кои завршија на 31-ви март, оперативната загуба на „Toshiba“ достигна 719,1 милијарди јени при 5,67 илјади милијарди јени приходи, објави компанијата.

За претходната фискална година „Toshiba“ забележа нето загуба во износ од 37,8 милијарди јени и оперативна загуба од 170,4 милијарди јени при 6,66 илјади милијарди јени приходи.

„Toshiba“ затвори илјадици работни места во последниот период, во нејзиниот дел за нуклеарна енергија објави оштета, а компанијата освен тоа продаде неколку од неосновните делови на бизнисот, вклучувајќи ја својата фирма за медицинска опрема.

За тековната фискална година, која завршува во март 2017-та година, „Toshiba“ очекува да се врати на нето добивка од 100 милијарди јени благодарение на бизнисот со флеш меморија и на тој со нуклеарна енергија.

Аналитичарите велат дека компанијата може да успее да се врати на добри патеки, но сепак останува прашањето како 140-годишната корпорација да постигне одржлив раст. „Toshiba“ не располага со доволно средства за инвестиции, за да се натпреварува со играчи како „Samsung Electronics“ во сферата на флеш меморијата, додека новите нарачки на нејзините нуклеарни централи остануваат не многу силни.

Минатата недела „Toshiba“ најави дека Сатоши Цунакава, едниот од потпретседателите на компанијата и ветеран во неа, ќе биде следниот извршен директор. Тој ќе ја преземе функцијата во јуни.

Сметководствениот скандал во кој беше вмешана „Toshiba“, доведе до оставки на неколку од нејзините раководители, вклучувајќи ја и онаа на поранешниот извршен директор и неговите советници. Привремено на функцијата на извршниот директор седна претседателот на „Toshiba“, Масаши Муромачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП