7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW се откажува од Sеries 6 Cabrio и Gran Coupe

BMW се откажува од Sеries 6 Cabrio и Gran Coupe

sestica 399

Промената на генерации кај „BMW Series 6“ ќе влијае кардинално на моделот, пишува весникот „BMW Blog“. Според информациите новата генерација ќе се појави кон крајот на 2018-та или почетокот на 2019-та година, но ќе се нуди само како купе со 2 врати.

Во компанијата се одлучиле да се откажат од верзиите „Convertible“ (кабриолет) и „Gran Coupe“. Главната причина за тоа е претстојните пораки за нова линија на модели – „Series 9“, која ќе нуди супер автомобили. Ова ќе биде токму кабриолет и купе седан со 4 врати. Ќе има и раскошен седан, кој ќе биде понуден како „BMW Series 8“.

Според претставниците на баварската марка присуството на „Gran Coupe“ во палетата на „Series 6“ ќе доведе до непотребна внатрешна конкуренција и затоа оваа верзија ќе биде запрена. Кабриото исто така ќе се покаже бескорисно, па и тоа ќе отиде во историјата.

Следниот „BMW Series 6“ ќе ја користи платформата „CLAR“ која е во основата на новата генерација на „Series 7“. Благодарение на неа ќе бидат намалени 220 килограми од тежината. Автомобилот ќе добие 3,0-литарски бензински мотор со 4 турбини, кој ќе развива 550 КС.

Во стандардната верзија „Series 6“ ќе биде со заден пренос, но системот на „BMW“ за погон на четири тркала – „xDrive“, ќе се нуди како опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП