6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRWE забележа сериозен пад на профитот во последниот квартал

RWE забележа сериозен пад на профитот во последниот квартал

rwe 777

Нето добивката на германскиот енергетски концерн „RWE“ забележа опаѓање во првиот квартал поради послабата продажба, погодена од намалувањето на цените на енергијата, објави „MarketWatch“. Профитот пред една година, сепак бил поддржан од продажбата на средства, соопштија од компанијата.

Нето добивката изнесува 879 милиони евра за кварталот, што е прилично под износот од 2,17 милијарди евра за истиот период од минатата година, која беше поддржана од продажба на средства. Приходите се во износ од 13,7 милијарди евра, што е за 6% помалку во однос на приходите од 14,5 милијарди евра пред една година.

Главниот бизнис на групацијата за генерирање на конвенционална енергија забележува опаѓање од 20% на оперативната добивка до 354 милиони евра. Ниските цени на енергијата делумно се компензираа од пониските трошоци за гориво за гасните централи, велат од „RWE“.

Оперативната добивка на групата меѓутоа сепак забележа раст делумно поради силното претставување на одделот за трговија со електрична енергија. Оперативната добивка достигна 1,75 милијарди евра, што е за околу 7% повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Добивката приспособена по даноците е намалена за околу 2% до 857 милиони евра.

„Ова се должи главно на влошувањето на финансиските резултати, бидејќи податоците за минатата година се уште вклучуваат висока добивка од продажба на хартии од вредност“, рекоа од „RWE“.

Компанијата ги потврди прогнозите за годината, но велат дека нето долгот најверојатно ќе се зголеми во однос на претходната прогноза за стабилен долг. Кон крајот на март обврските изнесуваа 27,9 милијарди евра во споредба со 25,1 милијарди евра на крајот на 2015-та година.

Од „RWE“ коментираат дека очекуваат оперативната добивка да биде помеѓу 2,8 милијарди и 3,1 милијарди евра во оваа година, а добивката приспособена по даноците да е помеѓу 500 милиони и 700 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП