7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPayPal наскоро во Македонија

PayPal наскоро во Македонија

paypal_pal

PayPal ќе дојде и во Македонија многу скоро, најави денеска заменик-министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

Според неа Македонија е мал пазар и постои можност да се покрие преку Србија која наскоро влегува во PayPal системот за онлајн купување.

– Последниве две години сме во директни комуникации со PayPal и се чека само момент. Континуирано добиваме информација дека треба да донесат одлука за влегување во регионот. Имаме информации дека ќе влезат во Србија наскоро, изјави Арсовска-Томовска.

Србија како поголем пазар, додаде Томовска,  е поинтересна за нив како инвеститори, затоа што инвестицијата во еден таков сложен систем кој треба да се грижи за безбедноста на трансакциите е многу висока. Претпоставувам дека понатаму, во најскора иднина ќе го пренесат практично системот и во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП