19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suisse со прва квартална загуба од 2008-ма година

Credit Suisse со прва квартална загуба од 2008-ма година

Credit-Suisse-Re-e1462866694348

Швајцарската банка „Credit Suisse“ ја започнува годината со загуба за првиот квартал за прв пат од 2008-ма година, со оглед на огромното реструктуирање, соопштува „Ројтерс“.

Резултатот доаѓа во момент во кој главниот извршен директор Тиџане Тиам прави сериозни намалувања на трошоците и применува нова стратегија, која беше скромно поздравена од аналитичарите и инвеститорите, а очекувале загубата по даноци од 302 милиони франци (311 милиони долари) да биде многу поголема.

Тиам сепак, предупреди дека доаѓа несигурна иднина. „Иако гледаме познати знаци за зајакнување во март и во април, угнетените пазарни услови и ниските нивоа на активност од клиентите најверојатно ќе продолжат во вториот квартал од 2016-та година, а и потоа“, рече тој во изјавата.

Претходните предупредувања на Тиам дека 2016-та година ќе биде тешка година, ги подготвија инвеститорите за најлошото. Просечната прогноза на девет аналитичари анкетирани од „Ројтерс“, беше за загуба од 424 милиони франци.

Акциите на „Credit Suisse“ скокнаа со над 4% во раната трговија.

Сепак резултатите делуваат отрезнувачки за инвеститорите на банката. Нејзиниот Главен извршен директор е исправен пред голем број критики, откако призна дека не знаел за големината на позициите за отпишување за над 1 милијарда долари.

Визијата на Тиам за стабилен профит преку повисоки приходи од управување на благосостојбата и помала зависност од инвестиционото банкарство да добие поддршка од големите инвеститори.

Тој се обидува да ги намали и трошоците со над 3 милијарди франци до 2018-та година и да го намали персоналот на глобално ниво со 6 илјади лица.

Банката вели има уверување дека може да постигне или дури да ја надмине целната заштеда од 1,7 милијарди франци до крајот на годината. Над 1.000 вработени биле отпуштени како дел од реструктуирањето на одделот за глобалните пазари.

Тиам изјави дека очекува реструктуирањето да чини 1 милијарда франци во 2016-та година.

Цената на акциите на банката како целина забележуваат опаѓање во позадина на сомнежите дали „Credit Suisse“ ќе го постигне целниот профит за 2018-та година, како и поради стравувањата за нејзината капитална позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП