29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБоинг вложува една милијарда во нови погони

Боинг вложува една милијарда во нови погони

Fabrica_Boeing_4

Американската компанија Боинг има намера да вложи повеќе од една милијарда долари за проширување на погоните во американската сојузна држава Јужна Каролина каде се произведува моделот 787 „Dreamliner“.

„Ќе отвориме 2000 нови работни места и ќе вложиме повеќе од една милијарда долари во Јужна Каролина во следните осум години, а ова е дел од нашиот план за да го стигнеме актуелното темпо на раст на пазарот и да ги исполниме превземените обврски кон клиентите и другите заинтересирани страни“, соопштија од Боинг.

Компанијата која има седиште во Чикаго извести дека од 2009-та година вложила повеќе од една милијарда долари во купување на земјиште, објекти, инфраструктури, алати и машинерија за погоните во Јужна Каролина. Моментално во оваа држава се вработени повеќе од 6000 луѓе. Од Боинг наведуваат дека одлучиле да го прошират погонот во Јужна Каролина за да бидат подготвени за зголемената побарувачка на комерцијални авиони, вклучувајќи ја и проценката за дополнителните 34.000 авиони кои ќе се бараат во следните 20 години.

Фабриката на Боинг во Чарслтон ќе работи со полн капацитет и месечно ќе произведува три авиони, додека главниот погон на компанијата во Еверет ќе произведува седум авиони месечно.

Притоа испораката на „Dreamliner“ авионите е стопирана, поради тоа што Боинг чека дозвола за повторно пуштање во промент на нивниот најнов авион. Сите 50 примероци беа приземјени во средината на јануари поради прегревањето на литиум-јонските батерии.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП