5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank забележа изненадувачка добивка

Deutsche Bank забележа изненадувачка добивка

db 333

Најголемата германска банка „Deutsche Bank AG“ забележа изненадувачка добивка за првиот квартал од очекувањата, а причина за тоа се падот на судските трошоци и подобрите перформанси на единицата за трговија со финансиски инструменти, пренесе „Bloomberg“.

Нето профитот опаѓа до 214 милиони евра од 544 милиони евра во истиот период една година порано, соопшти компанијата. Просечната прогноза на шестмината аналитичари анкетирани од „Bloomberg“, беше за загуба во износ од 484,3 милиони евра. Прогнозите се движеа од добивка за 244 милиони евра до загуба за 1,44 милијарди евра.

Главниот извршен директор Џон Крајан, кој е под притисок да ја закрепне инвеститорската доверба кај доверителот, презеде обврска да скрати 9 илјади работни места, да продаде повеќе ризичните активи и да престане со давањето дивиденди, како дел од поголем план за реструктуирање. Минатиот месец тој рече дека не очекува банката да излезе со профит во оваа година.

„Како што знаете, бизнис условите беа предизвикувачки во кварталот, особено во јануари и февруари, бидејќи учесниците на финансискиот пазар реагираа на стравувањата за изгледите пред глобалната економија – тоа се одрази и на нашите резултати“, пишуваат Крајан и другиот извршен директор Јирген Фитчен во изјавата за резултатите. „Изгледите пред економијата и финансискиот пазар остануваат несигурни. Но, како што може да се види, ние постигнуваме напредок на многу фронтови“, додаваат тие.

db 8889

Акциите на „Deutsche Bank“ се поевтини за 26% во оваа година. За споредба, акциите на „Credit Suisse Group AG“, имаат изгубено 31% од вредноста во текот на овој период, додека индексот „Bloomberg Europe Banks and Financial Services Index“ падна за 15%.

Акциите на „Deutsche Bank“ се поевтини од оние на нејзините европски конкуренти.

Реформата на крајот се отежнува од рекордно ниските каматни стапки, пазарите и падот на цените на стоковите пазари, кои го ограничуваат профитот од бизнисот со хартии од вредност. Петте најголеми инвестициски банки во САД веќе забележаа пад во просек од 22% на вкупните приходи од тргување со хартии од вредност во првиот квартал. Во средата лондонската банка „Barclays Plc“ соопшти за 31% пад на профитот пред даноци од инвестициско банкарство.

Приходите на „Deutsche Bank“ од трговијата со обврзници се намалуваат за 29% до 2,8 милијарди евра при средни очекувања на аналитичарите за пад до 1,89 милијарди евра. Приходите од тргување со акции исто се намалуваат за 29% до 728 милиони евра при очекувања за 778 милиони евра.

Трошоците на банката се намалуваат за 17% до 7,2 милијарди евра во споредба со една година порано, а трошоците за судски спорови се намалуваат до 187 милиони евра од 1,54 милијарди евра една година порано и при очекувања за 529 милиони евра.

Со исклучок на судските трошоци и оние за реструктуирање, оперативните трошоци на компанијата се намалуваат за 2,5 отсто до 6,7 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП