26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтив Кер тренер на сезоната во НБА

Стив Кер тренер на сезоната во НБА

стив-кер

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер е прогласен за најдобар во НБА лигата. Кер и неговиот тим регуларниот дел од сезоната го завршија со 73 победи и девет порази, што е најдобар резултат во историјата на лигата.

Кер ја доби наградата за најдобар тренер иако оваа сезона пропушти 43 натпревари, на кои неговиот прв помошник Лук Волтон оставри 39 победи и четири порази.

Сепак, оние кои гласале сметаат дека Кер е најдобар, не само поради својата тренерска улога, туку и поради тоа што успеал да сoздаде посебна култура во редовите на актуелните шампиони.

Стив Кер, во гласањето на спортските новинари и коментатори од САД и Канада добил 381 глас, втор е тренерот на Портланд, Тери Стакс (335), а трет Грег Попович од Сан Антонио (166).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП