3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на добивката на БП

Пад на добивката на БП

bp oman

Чистата добивка на Бритиш Петролеум(БП) потона во првото тромесечје за 80 отсто на годишно ниво, на 532 милиони долари, што е последица на ниските цени на нафтата.

Во истиот период минатата година добивката на една од најголемите светски нафтени компании изнесуваше 2,5 милијарди долари.

Во првото тромесечје оваа година цената на нафтата падна на најниското ниво во последните 13 години, а просечно изнесуваше 34 долари за барел, додека во истиот период лани просечната цена на нафтата изнесуваше 54 долари.

Боб Дадли, извршен директор на БП, порача во бизнис извештајот дека очекува урамнотежување на понудата и побарувачката на светските берзи на нафта до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП