18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗдравје + со поддршка на Прв до врв

Здравје + со поддршка на Прв до врв

FB Objava 1_prv do vrv

Компанијата Млекара Здравје Радово во рамките на својата кампања Здравје во твои раце продолжува да ги поддржува и промовира здравите навики, спортскиот начин на живењее, велосипедизмот, трчањето и пешачењето.

Од оваа година функционалниот јогурт Здравје + стана горд подджрувач и промотер на Скопскиот маратон, а исто така од оваа година ќе биде дел и од манифестацијата Прв до врв која ќе се оддржи на 22-ри мај на Водно.

„Прв до врв е традиционална манифестација која веќе неколку години ги збира скопјани и сите останати љубители на спортувањето и рекреацијата на едно место! Манифестација која не повикува градот да го замениме со планината. Прв до врв е одлична можност уште еднаш сите да се потсетиме дека можеме да пешачиме, трчаме или да возиме велосипед. Мотото на функционалниот јогурт Здравје + е виталност, енергија и хармонија. Три многу важни компоненти на човековииот ум и организам, кои се постигнуваат со вниматено одбрана исхрана но и редовна физичка активност. Токму затоа Здравје + ќе биде со сите учесници на Прв до врв од оваа година“, истакна Милка Исјановска, маркетинг директор на Млекара Здравје Радово.

Функционалниот јогурт Здравје + го раздвижува дигестивниот систем и е многу важен дел од исхраната на сите кои внимаваат на својата физичка подготвеност и на своето здравје. Веќе втора година со кампањата Здравје во твои раце ги промовира спортските манифестации. Во соработка со движењето На точак додели велосипеди на деца од ранливи категории на Кејот на Вардар и во Охрид, а е горд подржувач и на ракометните клубови ЖРК и РК Вардар.

FB Objava 2_prv do vrv

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП