17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСлабиот раст на продажбата ја намали вредноста на акциите на сопственикот на...

Слабиот раст на продажбата ја намали вредноста на акциите на сопственикот на Gucci

guci33

Акциите на сопственикот на „Gucci“ – „Kering SA“, поевтинија за 4,3%, откако францускиот производител на луксузна стока ги презентираше приходите за првото тримесечје кои не беа во согласност со прогнозите на аналитичарите, но намалените туристички патувања во Европа ја намалија побарувачката на чантите „Bottega Veneta“, пишува „Bloomberg“.

Кај „Kering“ растот е од 4% во однос на предвидените 5,6 отсто. Приходите од продажба на „Bottega Veneta“ забележа пад за 8,3%, што е повеќе од два пати во однос на очекуваниот од аналитичарите.

„Се надеваме дека ова ќе го натера менаџментот да преземе драстични промени за ревитализација на брендот, кој сметаме дека заостанува поради недостаток на иновации кај производите“, коментира аналитичарот во „Sanford C. Bernstein“, Марио Ортели.

„Bottega Veneta“ страда од високите ценовни разлики во Европа и Азија, како и од доцнењето на активноста во туризмот.

Продажбата на „Gucci“ забележа раст од 3,1 отсто, што е побавен раст во однос остварениот од 4,7% во претходниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП