24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Битола презентирани ВЕБ-портали со можности за нови бизниси

Во Битола презентирани ВЕБ-портали со можности за нови бизниси

internet-portali

Националниот совет за претприемништво и конкурентност во соработка со министерствата за економија и за информатичко општество и администрација, како и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, со поддршка од проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, денеска во Битола одржа презентација на три ВЕБ портали кои на компаниите им нудат информации за нови бизниси и учество во креирањето на економските политики.

На промотивниот настан во Битола беа претставени порталите КонкурентностМК, Единствен национален електронски регистар на прописи-ЕНЕР и ВЕБ портал за извозници.

– Станува збор за решенија кои на бизнисмените ќе им ги решат проблемите што подолг период се провлекуваат или три клучни прашања – нивно инволвирање во процесот на креирање економски политики како активен фактор во креирањето на политики, нивна консултација и информирање за мерките што Владата и донаторските организации ги нудат, и трето-извозно ориентираните компании по електронски пат ќе добијат можност директно и транспарентно да комуницираат со странските партнери, истакна Горан Лазаревски, претставник на Националниот совет за претприемништво и конкуретност на Република Македонија.

Веб порталот КонкурентностМК е за информирање на деловните субјекти за мерките за поддршка на конкурентноста, ВЕБ порталот за извозници ќе овозможи промоција на извозот, додека ЕНЕР е портал кој овозможува вклучување на бизнис секторот во креирање на подобри закони во Република Македонија.

Регистрацијата на сите заинтересирани компании за користење на трите ВЕБ портали ќе биде бесплатна, информираат  од Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Република Македонија, кој втората средба за промоција на ВЕБ порталите ќе ја одржи на 11. април во Тетово, а на 12 април и во Штип. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП