7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилен старт на годината за Heineken

Силен старт на годината за Heineken

heinu3

Третиот по големина производител на пиво во светот – холандски „Heineken NV“, забележа посилен раст на испораките на пиво во првиот квартал од годината во однос на прогнозите на аналитичарите, а главен фактор за тоа е растот во Азија и Северна и Јужна Америка, соопшти „Bloomberg“.

Обемот на испораките на пиво се зголеми за 7%, се наведува во соопштението на компанијата со седиште во Амстердам. Прогнозата на 19-те аналитичари анкетирани од „Bloomberg“, беше за раст од 2,4 отсто. Оваа вредност го исклучува влијанието на превземањата, продажбата и валутните флуктуации.

Тримесечната добивка е намалена до 265 милиони евра од 579 милиони евра во истиот период, една година порано. Минатата година компанијата оствари капитална добивка во износ од 379 милиони евра од продажбата на фабриката во Мексико.

„Heineken“ ги потврди прогнозите дека очекува посилна продажба и профит во 2016-та година и покрај забавувањето на некои пазари во развој, каде што компанијата генерира речиси две третини од профитот.

Производителот на пивото „Tiger“ очекува раст во Азија, вклучувајќи и во Виетнам, кој е меѓу трите негови најголеми пазари. Тука „Heineken“ е во друштво на данската „Carlsberg A/S“, која исто така се потпира на раст во Виетнам и земји како Индија, за да го компензира тековниот пад во Русија.

„Тоа беше добар прв квартал, поддржан од силниот период околу Новата година во Виетнам и Кина и раниот Велигден. Имаше добар раст на обемот во Северна и Јужна Америка и Европа“, коментира извршниот директор Жан-Франсоа ван Боксмеер за време на објавувањето на податоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП