8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТуркиш ерлајнс купува 95 авиони од Боинг

Туркиш ерлајнс купува 95 авиони од Боинг

avion

Турскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс најави купување на 95 авиони од амеркинаскиот производител Боинг.

„Одборот на директори одлучи од Боинг да се купат 20 авиони во 2016-та година, 20 авиони во 2018-та година, 15 во 2019-та година, 30 во 2020-та и уште 10 во 2021-ва година. Со ова би ги задоволиле потребите на компанијата за комерцијалните авиони“, се наведува во соопштението на компанија.

Финансиските детали за договорот не се објавени.

Оваа соопштение доаѓа само еден месец откако Туркиш ерлајнс објави дека ќе купи 117 авиони од европскитот Ербас кој е главен конкурент на Боинг.

Во декември минатата година компанијата ги набави купените 15 авиони од моделот А330 на Ербас и 15 авион моделот 777-300ER  од Боинг.

Во февруари турската авиокомпанија нарача уште два авиони од типот A330-300.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП