23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо оваа година компании во целиот свет имаат заостанати долгови од 50...

Во оваа година компании во целиот свет имаат заостанати долгови од 50 милијарди долари

paricki3 3

Корпоративните должници во целиот свет прогласиле стечај по долгови од вкупно 50 милијарди долари од почетокот на годината, па досега. Бројот на компании кои должат се забрзува со најбрзо темпо, откако САД излезе од финансиската криза во 2009-та година.

Бројот на компаниите кои немаат можност да ги исплатат долговите, се зголеми за уште пет минатата недела, а меѓу компаниите е и првата европска во оваа година, тврди „Standard & Poor’s“. 46 компании објавија стечај од почетокот на годината.

Акутниот пад на цените на суровините, поддржан од доцнењето на глобалениот раст и застојот во побарувачката на прости метали и сурова нафта, им претставува проблем на нафтените и гасните производители и на рударските компании. Речиси половина од банкротите се во овие две индустрии. Плаќањето на камати пропуштиле да направат компании како „Peabody Energy“, „Energy XXI“ и „Midstates Petroleum“.

Цените на нафтата остануваат со 60% под максимумот од 2014-та година, а „S & P“ прогнозира дека околу 4% од американските компании со неинвестиционен рејтинг ќе западнат во стечај до крајот на годината, што ќе биде двојно повеќе од 2014-та година.

„Стресот во форма на постојано ниски цени на нафтата, затегнувањето на монетарната политика од страна на Фед за прв пат по 9 години и забавувањето на глобалниот раст веројатно ќе доведе до уште банкроти текот на следните 12 години“, вели Дајан Ваца, аналитичар во „S & P“.

Последните компании, кои не ги исплатиле своите обврски ги вклучуваат норвешкиот медиумски издавач „Norske Skogindustrier“ и амеркинаската рударска компанија „Cliffs Natural Resources“.

Обновата на берзите и на оние со фиксен приход е отстранат дел од притисокот врз групите со неинвестиционен рејтинг.

Капиталните пазари полека се отвораат повторно додека се шири разликата помеѓу приносот на дадени корпоративни обврзници и државните хартии од вредност со слична зрелост, се намалил, намалувајќи ги трошоците за заеми на компании кои се обидуваат да продадат нов долг.

Приносот на обврзниците со рејтинг „junk“ опадна под 8% од над 10% во февруари, тврди „Bank of America – Merrill Lynch“. Просекот на обврзниците во индексот на „Merrill“ сега се тргува за околу 91,5 центи за долар, што е над 83,6 центи во февруари. Принципот е дека приносот се намалува, кога цените на обврзниците се зголемуваат.

Инвеститорите сепак немаат тенденција да ја карактеризираат обновата како возможна. Компаниите со најнизок рејтинг остануваат изолирани од продажба на нов долг. Издавањето на „junk“ долг е намален за над 50% од нивото пред година, намалувајќи се до 56 милијарди долари во САД, покажуваат податоците на „Dealogic“.

Стивен Каприо, кредитен стратег во „UBS“, вели „Ако имате оценка од едно „Б“ или тројно „Ц“, компанијата реално нема пристап до пазарот. Иако овие компании може да немаат непосредно наближувањето на зрелост, во еден момент, и тоа наскоро, тие ќе треба да го рефинансираат тој долг. Ако работите не се менуваат, ќе се соочи со проблеми“.

Листите поддржани од „S & P“ и „Moody’s“, на компании со најголем ризик од долгови се прошируваат. Според „S & P“ кон крајот на март имало 242 од т.н. „најслаби врски“, што е највисоко ниво од 2009-та година. Листата го вклучува сателитскиот оператор „Intelsat“ и синџирот на луксузни стоки „Nieman Marcus“.

Инвеститорите и аналитичарите сега со нетрпение ја чекаат сезоната на сметките во САД и новиот круг од ревидирање на кредитите, при што се очекува банките да ги намалат кредитните инструменти за нафтените и гасните компании.

„Единствената надеж е дека профитот ќе се врати и готовинските текови на компаниите ќе се обноват“, додава Каприо. „Ако тоа не се случи, компаниите ќе имаат долгови за плаќање и не е јасно како ќе го направат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП