12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТреба ли Yahoo да ја продаде својата основна дејност?

Треба ли Yahoo да ја продаде својата основна дејност?

jahic9

Главниот извршен директор на „Yahoo“ Мариса Мајер е на крстопат. Може да ја продаде компанијата сега за каква и да е сума, или да се „соживее“ со стратегијата за нејзина ревитализација, коментира темата Шаира Овиде од „Bloomberg“.

Наоѓањето на купувач може да е најдобрата шанса на Мајер да го спаси тестаментот. Судејќи само по цената на акциите на „Yahoo“, може да претпоставиме дека управувањето со Мајер е успешно. Кога таа застана на чело на компанијата во 2012-та година, акциите и се тргуваа на ниво од под 16 долари за готово. Потоа достигнаа врв од 52 долари во 2014-та година, пред да се смират околу 37 долари во април.

Овој раст, сепак не се должи на Мајер, туку на инвентивните инвестиции кои „Yahoo“ ги направи во две популарни азиски веб компании многу пред таа да биде поставена на оваа функција. Вистината е дека под раководство на Мајер „Yahoo“ стана бескорисна, а изгледите само се влошуваат. Финансиските проблеми на компанијата предизвикаа бурни дебати во однос на тоа колку чини компанијата.

„Yahoo“ е составена од 3 дела – двете инвестиции во Азија – во „Alibaba“ и „Yahoo Japan“ – и основниот веб бизнис на компанијата. Во зависност од некои сложени претпоставки за вредноста на „Yahoo“, нејзините азиски инвестиции можат да чинат повеќе од компанијата како целина. Тоа значи дека инвеститорите можеби го оценуваат веб бизнисот на „Yahoo“ на сума помала од 0 долари. За да се зголеми вредноста, може да е потребно продавање или поделба на компанијата.

Времето е најважно. Во моментов „Yahoo“ се уште е третото најпопуларно име во веб просторот во САД. Корисниците, особено од мобилните уреди, сепак не растат по четирите години во кои Мајер се обиде со различни пристапи. Накратко – ништо што Мајер го направи, не функционираше.

За храброст таа може да земе пример од поранешниот колега Тим Армстронг. Тој имаше проблеми како главен извршен директор на „AOL“. Потоа доби понуда да ја продаде компанијата со премија од 23%. Продажбата го направи Армстронг да изгледа како гениј. Сега тој помага околу предлогот на „Verizon“ за стекнување на „Yahoo“. Ако Мајер ја продаде компанијата сега, таа може да се фати за истата сламка за спасување за која се фати и Армстронг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП