10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на профитот на Citigroup

Пад на профитот на Citigroup

банка-пад

Добивката на американската банка „Citigroup“ во првиот овогодишен квартал значително е намалена поради помалите приходи од тргувањата и дополнителните издвојувања на резерви.

Нето добивката на банката во првиот квартал паднала за 26,6 проценти, на 3,5 милијарди долари, во однос на истиот период минатата година, додека приходите се намалени за 11,4 проценти, на 17,6 милијарди долари, пренесува агенцијата Франс прес.

Банката издвои дополнителни средства за покривање на потенцијалните ненаплатливи кредити во енергетскиот сектор, зголемувајќи го нивото на резерви за 233 милиони долари.

Најновите резултати, исто така, се обележани со пад на приходите во секторот за инвестициско банкарство од 27 проценти и пониските приходи во одделението за брокерско-дилерски работи.

„Citigroup“, сепак, имаше бенефит од намалувањето на трошоците за 360 милиони долари и зголемување на кредитирањето на клучните клиенти.

„Иако нашите производи кои се чувствителни на ситуацијата на пазарот очигледно се погодени од слабиот интерес на инвеститорите, продолживме да бележиме напредок во неколку клучни области“ изјави генералниот директор на „Citigroup“, Мајкл Корбат.

По ова соопштение, акцијата на „Citigroup“ порасна за 2,3 проценти, на 46 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП