10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДвижете се со стил со спортската колекција на Wrangler „Active Ready“ за...

Движете се со стил со спортската колекција на Wrangler „Active Ready“ за пролет-лето 2016

wra

Легендарниот американски бренд Wrangler ја претставува новата пролет-лето колекција за 2016, инспирирана од спортот и активниот живот, линија создадена од удобни џинс коиñдозволуваат на кожата да дише, а воедно во кои ќе изгледате одлично и ќе можете да бидете активни со стил.

Лидери во џинс иновацијата, „Active Ready“ колекцијата на Wrangler е опремена со широк опсег на jog-џинс кои имаат визуелен приказ на тексас, но всушност се сошиени од иновативна текстилна технологија за да се зголеми удобноста и овозможи движењето. Супер-лежерни, а воедно стилски, jog-џинсот на Wranglerод еластичен тексас и ластик на половината, класичен петџебен стил, доаѓа во различни нијанси на избледувања.

Во активната линија се вклучени лесни сезонски фармерки дизајнирани со Coolmax®технологија, преку која се користат материјали инспирирани од спортската технологија. Овие ткаенини се отпорни на потење и овозможуваат брзо сушење, така што без разлика на високата температура, оние кои ги носат фармерките ќе изгледаат одлично и ќе останат свежи. Клучните џинс парчиња за мажиги вклучуваат модерните „slim“Bostinфармерки и регуларнитеColton фармерки со тесни ногавици.

Враќајќи ја во живот филозофијата на Wrangler – „роден подготвен“, колекцијата за пролет-лето 2016 е дизајнирана за да им овозможи слобода и флексибилност на оние кои ги носат парчињата, да можат дапреминат од градот во природа, од работа кон авантура, без разлика дали тоа е враќање со велосипед од работа накај дома или пак прошетка за ручек на летното сонце. Со совршеното комбинирање на модата и функционалноста, Wrangler фановите можат да бидат сигурни дека се подготвени за сите сезонски авантури.

Колекцијата за пролет-лето 2016 можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП