„Prada SpA“ ја забележа најниската добивка во последните 5 години поради намалената побарувачка во Азија. Од компанијата соопштија дека е невозможно да направат какви било прогнози за оваа година, откако го засилија притисокот врз Извршниот директор Патрицио Бертели, да ги заживее марките на италијанската модна компанија.
Нето приходот на „Prada“ за годината се намалува за 27% до 330, 9 милиони евра, соопшти производителот, меѓу чии брендови се чантите „Miu Miu“ и обувките „Church’s“. Извештајот се разликува со пазарните очекувања, кои беа за околу 348 милиони евра.
„Она што тие треба да го направат е да го преродат брендот „Prada““, рече Марио Ортели, аналитичар во „Sanford C. Bernstein“.
Продажбата на најголемиот пазар, Азија, се намали за 16%. „Prada“ настрада од падот на побарувачката во Кина, од силниот долар и терористичките напади во Европа.
Финансискиот директор на компанијата си замина во февруари, откако работеше десет години за брендот. Акциите изгубиле 40% од вредноста во последната година.
Не сите модни брендови страдаат од влошувањето на пазарот. „Gianni Versace SpA“ забележаа 20% раст на профитот во изминатата година, а извршниот директор Џакомо Ферарис минатиот месец изјави дека гледа со претпазлив оптимизам на претстојната година.
Залихите на готови производи на „Prada“ е зголемен за 7,6% до 614 милиони евра на крајот на 2015-та година. Растот на профитот не одговара на новооткриените продавници кои ја намалија профитабилноста поради зголемените трошоци за изнајмување и персонал.
Продажбата на кожна стока се намалила за речиси 10%.