10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА6 едноставни начини шефот да ве засака

6 едноставни начини шефот да ве засака

шеф

Кога велиме засака, не мислиме на некаков непрофесионален однос, мислиме на почитување и доверба на шефот во вас. Не, воопшто не е лесно да му се допаднете на шефот, особено доколку тој е намќорест. Ви даваме предлози врз основа на научни истражувања и мислења на експерите како секогаш вашиот шеф да има позитивно мислење за вас.

1. Доаѓајте на работа малку порано

Според истражувањата менаџерите ги сметаат за посовесни и подобри работници оние кои доаѓаат порано во однос на оние кои доцнат.

2. Прашајте за совет

Кога прашувате за совет, тоа не значи дека вие незнаете да работитте, но сепак многу зависи од прашањето. Ако прашањето има смисла вие така ќе покажете дека сте навистина заинтересирани за вашата работа, вредно работите и се грижите.

3. Вклопете се и следете ја работата

Под ова подразбираме дека сте разбрале што му е навистина важно на шефот, кон што цели и дека работите на тоа со цел да го постигнете.

4. Поставете „далечни, недостижни“ цели

Она што вработените пред вас не го можеле, или за што мислеле дека е невозможно, вие остварете го. Тоа многу ќе ве издвои од толпата.

5. Обрнете им внимание на деталите

Ако мислите дека имате широк поглед кон светот, тогаш најдобро е да започнете да им обрнувате внимание и на деталите. Вработените кои ќе ги уловат и најсините проблеми се многу ценети.

6. Говорете

Имате мислење? Немојте да го криете од колегите. Сите имаме и лоши и добри идеи, лошите нема да ви наштетат, а добрите ќе значат многу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП